23-годишен босански државјанин уапсен во Ѓорче – го барале за издржување казна затвор во Скопје

Од:

Полицијата уапсила државјанин на Босна и Херцеговина во населбата Ѓорче Петров во Скопје. 23-годишниот државјанин на Босна имал привремен престој во Македонија, но бил и осуден од страна на судот во Скопје на казна затвор од 1 година и шест месеци, а не се пријавил на издржување на казната.

Во информацијата од МВР се вели дека на ул.„Емин Дураку“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Отсекот потраги при Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишиле од слобода С.М.(23) од Босна и Херцеговина, со привремен престој во Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.

Уапсениот е веднаш спроведен во Казнено-поправната установа Затвор скопје за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби