22-годишникот од Битола не бил вакциниран и страдал од дебелина, состојбата нагло му се влошила

Од:

Младиот пациент од Битола кој почина од коронавирус на 22 години не бил вакциниран и имал коморбидитети, велат од Министерството за здравство за „А1он“. Според податоците оттаму, починатиот добил позитивен тест минтата сабота, а веќе во неделата се јавил на преглед во битолската болница на инфективното одделение. Докторите, му посочиле дека нема знаци за пневмонија, иако имал температура. Тој бил пуштен на домашно лекување со препишана терапнија.

Пациентот бил на прегледи и народниот ден, во понеделникот, кога му биле закажани и контролни анализи, но не бил хоспитализиран.

Според информациите на Министерството, состојбата нагло му се влошила третиот ден, односно во вторникот, а тоа го покажале лабораториските анализи и РТГ наодот.

„Во лекарскиот извештај е наведено дека пациентот бил ставен на кислородна поддршка и дадена му е соодветна терапија. Кај пациентот прогресивно дошло до влошување на состојбата, починал на 15.10.2021“, велат од МЗ за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Матичните лекари ќе добијат по 30 денари од пациент доколку 70 отсто од нивните пациенти се вакцинираат

А1он

12 починати и 460 новозаразени од Ковид-19

А1он

ИЈЗ: Бројот на заболени од Ковид-19 на неделно ниво намален за 6,1 отсто

Ана Ололовска

Состојбата со коронавирусот стабилна, засега нема нови мерки за заштита од новиот сој

Ана Ололовска

22 починати лица и 118 нови случаи на Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска

Нема нови рестриктивни мерки, земјава нема да затвора граници за заштита од омикрон

Катерина Павлова-Николовска