Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа починале 14 лица.
Во Скопје се регистрирани шест починати лица на возраст од 85 години, 85 години, 80 години, 75 години, 72 години и 68 години.
Двајца починати се од Велес на 71 и 66 години и по едно починато лице од Битола на 22 години, Македонски Брод на 75 години, Радовиш на 67 години, Куманово на 90 години и Струмица на 66 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште седум починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година, известува Министерството за здравство.
Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, две починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица четири се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.
Вкупната бројка на починати од Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата е 6.922. Бројот на активни случаи изнесува 6.813.