21 јуни, Ден на Охридското езеро

Од:

Трите крајезерски града Охрид, Струга и Подградец го одбележуваат денот на Охридското Езеро кое е под заштита на УНЕСКО.

До недела во Охрид и Струга ќе се одржува манифестацијата „Излезете надвор, доживејте го нашиот регион“.

На овие манифестации ќе учествуваат туристички работници и угостители, занаетчии, производители на здрава храна.

Организацијата е на Туристичкиот кластер на Југозападна Македонија ЕДЕН, заедно со Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Занаетчиската комора на Република Македонија и Локалните самоуправи на општините.

Целта на саемите на отворено, е да се презентираат можностите за активен одмор во југозападниот дел на Македонија, во кои покрај Охрид и Струга, опфатени се и општините Вевчани, Вранештица, Дебар, Дебрца, Другово, Зајас, Осломеј, Kичево, Македонски Брод, Пласница и Центар Жупа.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица