21-годишник загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Берово-Струмица

Од:

21-годишник од беровското село Ратево загинал во сообраќајна несреќа која ја случила на патот Берово-Струмица. Tој управувал со возилото кое излетало од патот и починал на местото на несреќата.

-На 06.11.2022 во 04.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, кај место викано „Кортелов Мост“, атар на с.Ратево, беровско, Б.Г.(21) од с.Ратево, управувајќи патничко возило „опел вектра“ со беровски регистарски ознаки, излетало надвор од патот. На местото на несреќата починал возачот информира Министерството за внатрешни работи.

Констатирана била смрт од страна на лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Берово.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари