20 скопјани се дружеле во една соба во хотел во Крушево, добија кривични пријави

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против 20 лица од Скопје кои биле затекнати како седат во иста соба, а истиот ден влегле и во хотелскиот базен во поголем број од дозволеното.

Според информациите на МВР, полицијата во Крушево поднесе кривична пријава против И.Г. (42), Д.В.(42), З.Б.(29), М.А.(33) В.М.(36), Е.С.(32), Д.Т.(27), С.Н.(19), Н.М.(26), С.М.(36), М.Ц.(36), М.М.(48), А.К.(34), С.К.(36), Б.Г.(38), А.Н.(40), Г.С.(36), В.Д.(36), М.К.(36) и М.Д.(43), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 19 септември пријавените биле во една соба во хотел во Крушево, иако биле предупредени од персоналот на хотелот да не се групираат и да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19. Истиот ден, тие влегле во хотелскиот базен во поголем број од дозволеното, спротивно на протоколот според кој дозволено е присуство на максимум шест лица во базен.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски