20 илјади активни случаи на Ковид-19 во земјава, 4419 починати, вакцинирани се 35 илјади лица

Од:

10 илјади вакцини на „Фајзер“ се оечкува да прстигнат во земјава утре, а исто толку се очекува да стигнат и на 26 април. Вакцините утре со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје.

Кон крајот на април ќе дојдат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи.

Во земјава досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, од која има уште 10 илјади на располагање. Нешто помалку од три илјади има од руската „Спутник-В“ и илјада од кинеските вакцини. Во СЦ „Борис Трајковски“ се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години со поредуцирани термини од претходните денови, бидејќи често доаѓаат со придружба.

Според податоците кои вчера ги објави Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 824 случаи на Ковид-19 од направени 3.988 тестирања. Оздравеле 682 пациенти, а починале 31, од кои најмладиот е на 38-годишна возраст.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 146.733. Бројката на оздравени пациенти е 122.121, на починати 4.419, а бројот на активни случаи изнесува 20.193.

Од Министерството за здравство вчера информираа дека вкупно 702 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, додека во другите градови во земјава се лекуваат вкупно 998 пациенти.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски