20-годишно момче загина во сообраќајка на патот Тетово-Бањиче

Од:

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера нешто по 16 часот се случила на земјениот пат Тетово – Бањиче, кај месноста Шипковечко теќе над џамијата, информираа од СВР Тетово.

Автомобил „Опел Тигра“ со тетовски регистарски таблички управуван од Б.И.(20) од Селце од засега неутврдени причини загубил контрола, излетал од патот и паднал во бездна длабока 35-40 метри и при падот закачил во покривот од џамијата, се првртел и паднал.

Од превртувањето и падот возачот кој бил сам во автомобилот задобил тешки повреди на главата и телото по што починал на самото место. Увид на местото извршиле екипи на полицијата судот и обвинителството и се работи на откривање на причините за оваа сообраќајка.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница