20-годишна девојка загина на автопатот Миладиновци-Штип, загубила контрола врз колата

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на автопатот Миладиновци-Штип, а во неа загина 20-годишна девојка од светиниколското село Кадрифаково, соопшти полицијата.

„На 08.06.2021 околу 07.15 часот на автопатот Миладиновци – Штип, на место викано „Ерџелиски мост“, С.М.(20) од с.Кадрифаково, светиниколско, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“ со светиниколски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот“, се вели во соопштението од МВР.

„Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.М. и била пренесена во Клиничката болница Штип, каде починала. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Свети Николе“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба