Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.458, бројката на оздравени пациенти е 10.052, на починати е 563.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2843, од кои 829 во главниот град.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 114
• Гази Баба – 100
• Аеродром – 99
• Карпош – 92
• Центар – 81
• Кисела Вода – 84
• Ѓорче Петров – 63
• Бутел – 61
• Шуто Оризари – 36
• Студеничани – 19
• Сарај – 20
• Арачиново – 15
• Илинден – 12
• Сопиште – 9
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
• Странец – 4
• Нераспределен – 2
Министерството соопштува дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.
