Муареми до Русковска: Ако располагате со сознанија и информации за сторен криминал од моја страна – истите да ги докажете и пред јавноста

Од:

Улогата на еден јавен обвинител најмалку од сè е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информации со јавноста за таа да суди кој е криминалец. Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа. Обвинителке, ако се земат последните анкети  предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, се вели во реакцијата на директорот на финансиската полиција Арафат Муареми насочена кон шефицата на ОЈОГОК, Вилма Русковска.

„Ја повикувам Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал од моја страна – истите да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против мене, а не празни и неосновани сознанија и информации, дискредитирајќи ја во целост функцијата што  ја извршува.

Негонење кримал поради притисоци претставува кривично дело, обвинителке. А вашата чест и углед е беспредметнo да ги коментирам.

Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за ‘помош’- нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување.  Одговорност за вашето самоволие мора да има“, вели Муареми.

Би можело да ве интересира

Oбвинителството ги отфрли кривичните пријави против Муареми

Катерина Ѓуровски

Стефанова тврди дека продолжила кај што Русковска застанала за Муареми

Кристијан Ландов

Муареми ќе го гони обвинителката која се спогоди за „Империја“, а Спасовски е во рацете на обвинителката која го гони Зеќири

Кристијан Ландов

Именуван в.д. директор на Финансиската полиција, Муареми е разрешен

Кристијан Ландов

Русковска џабе го „тресела“ Муареми, планирала и парично да го казни ама ја суспендираа

Кристијан Ландов

Муареми: Оставката е за да нема сомнеж за постапката која се води против мене

Кристијан Ландов