191 нови случаи на Ковид-19, починати се 3 лица

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 191 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје-96, Куманово-4, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-15, Велес-1, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-15, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-2, Виница-5, Делчево-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-1.

Во болнички услови починати се три лица, пациент од Скопје на 81-годишна возраст, од Кичево на 67 години и од Струга на 77-годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти од: Скопје-19, Куманово-9, Штип-3, Тетово-3, Струга-6, Охрид-5, Кавадарци-3, Гостивар-2, Гевгелија-2, Струмица-2, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Делчево-1, Свети Николе-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18790, бројката на оздравени пациенти е 15341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2693. Денес се евидентираат три контролни теста.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7386, активни 966

• Куманово 1799, активни 181

• Дебар 287, активни 32

• Штип 1280, активни 62

• Прилеп 722, активни 147

• Тетово 1487, активни 161

• Струга 685, активни 43

• Велес 338, активни 32

• Битола 331, активни 76

• Охрид 437, активни 32

• Кавадарци 252, активни 47

• Гостивар 947, активни 84

• Гевгелија 139, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 19 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 298, активни 181

• Крива Паланка 124, активни 38

• Радовиш 101, активни 37

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 417, активни 183

• Пробиштип 117, активни 19

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 5

• Пехчево 46, активни 4

• Берово 126, активни 48

• Валандово 46, активни 31

• Виница 124, активни 35

• Делчево 169, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 373, активни 59

• Кичево 334, активни 35

• Ресен 166, активни 8

• Неготино 58, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1350 теста се преку: ИЈЗ-422, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-358, Биотек-199, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-82, Систина со PCR метода -109, лабораторија Лаор –57, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-47, Инфективна клиника-6, ГАК-11, Синлаб-22, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 195.002 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација, информира Министерството за здравство.

Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и една мајка позитивни на Ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 185, позитивни и сомнителни на Ковид-19, известува Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска