19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Од:

19-годишна девојка загина, а едно лице е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атарот на селото Турново.

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „сеат леон“, управувано од 29-годишниот С.Б. од Струмица, и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот А.Д. од село Иловица.

На местото на несреќата починала 19-годишната К.Ј., сопатничка на мотоциклот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Возачот на мотоциклот се здобил со телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.

На местото извршиле увид јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. При алкотестирањето на возачот на „сеатот“ било утврдено дека имал 1,75 промили алкохол во крвта. Тој бил лишен од слобода.

Дополнително, било констатирано дека 19-годишниот возач на мотоциклот го управувал нерегистрираното возило без да поседува право за управување со моторно возило.

Поради увидот, сообраќајот на патот Струмица – ГП Ново Село кај Турново бил целосно во прекин од полноќ до 2:30 часот.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата девојка било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он