19-годишна девојка со симптоми на коронавирусот почина во Битола

Од:

19-годишна девојка суспектна на коронавирусот, почина во битолскиот ковид-ценатар. Од Битолската болница за „А1он“ велат дека пациентката била со Даунов синдром и била донесена во болницата со тешка клиничка слика.

И покрај обидите на лекарите да ја реанимираат, пациентката ја изгубила битката со болеста.

„Пациентка беше донесена со екстремно тешка слика со симптоми на Ковид-19 и за жал почина пред да и биде земен брис, така што оваа пациентка не се води како почината од Ковид-19, затоа што немаше тест кој ќе потврди дали била позитивна на вирусот. Во болницата престојуваше неколку часа и за тој период лекарите направија се за да ја спасат. И покрај повеќето обиди за реанимација, оваа девојка ја загуби битката со животот“, изјави директорката на битолската болница, Билјана Гагачовска.

Гагачовска додаде дека нема информации дали некој од семејството на девојката бил позитивен на коронавурсот.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска