188 санкционирани возачи во Скопје, 18 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи известува дека во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, три мерки за возење под дејство на алкохол, 11 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила…, соопшти МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја