Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 8111, бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526, од кои 1830 се во главниот град, информира Министерството за здравство.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 300
• Аеродром – 159
• Бутел – 131
• Гази Баба – 189
• Центар – 138
• Карпош – 140
• Сарај – 120
• Кисела Вода – 108
• Ѓорче Петров – 105
• Студеничани – 110
• Шуто Оризари – 79
• Арачиново – 43
• Илинден – 23
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 11
• Сопиште – 9
• Зелениково- 14
• Странец – 5
• Нераспределен- 128
Од Министерството за здравство велат дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.