182 нови случаи на Kовид-19, починати се 6 лица

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-107, Куманово-14, Штип-4, Тетово-23, Струга-5, Битола-2, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-13, Неготино-1.

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти од: Скопје-22, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-1, Кочани-2, Свети Николе-1, Кичево-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2243, активни 1507
• Куманово 668, активни 219
• Дебар 62, активни 10
• Штип 254, активни 205
• Прилеп 229, активни 16
• Тетово 481, активни 297
• Струга 147, активни 68
• Велес 156, активни 29
• Битола 37, активни 9
• Охрид 90, активни 71
• Кавадарци 8, активни 3
• Гостивар 78, активни 52
• Гевгелија 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 7
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 56, активни 23
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 3, активни 2
• Валандово 5, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 11, активни 9
• Кичево 5, активни 2
• Ресен 47, активни 46
• Неготино 19, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1348 теста се преку: ИЈЗ –570, ЦЈЗ Скопје-32, Авицена –98, Биотек –150, Систина со PCR метода –189, МАНУ -157, Жан Митрев (Филип Втори) -152 и Судска медицина-0. Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 121 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 35 пациенти, информира Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, велат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска