180 казнети возачи во Скопје, 45 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 45 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за управување под дејство на алкохол.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за возач почетник, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за некористење сигурносен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

МВР: Лишени 16 возачи од слобода, 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници

Предраг Петровиќ

Уапсен е возач од Србија, на автопат Куманово – Скопје возел со 188 километри на час

А1он

Со 244 километри на час „летал“ по автопатот Скопје-Гевгелија

A1on

Возач од Гостивар „летал“ со 178 километри на час

Таткото го снимил синот како вози со брзина од 163 км/ч на и го објавил видеото

Крај за дивеењето во сообраќајот: Возило ќе се одзема за брзини над 70 км/ч во населено место