18 сообраќајки за еден ден во Скопје

Од:

Три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 11 се полесно повредени во 18 сообраќајни несреќи што се случиле во изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје.

Од вкупниот број сообраќајки четири се со последица материјална штета и 11 се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, тројца пешаци, двајца велосипедисти и четворица мотоциклисти.

Случени се и три незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца возачи на мопеди и еден возач на мотоцикл.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирала 15 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Од нив 12 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 19 возачи  непрописно се престроиле пред крстосница, односно не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, пет пешаци поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци, ако и четворица возачи на мопеди и мотоцикли кои не носеле заштитен шлем за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 68 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „25 Мај“, објект „Синоличка“, населба Ченто.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка

А1он

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени