18 приведени по инцидентите на ракометното дерби Вардар-Еурофарм Пелистер

Од:

Вчера полициски службеници приведоа 18 лица во врска со нарушување на јавниот ред и мир на натпреварот Вардар-Еурофарм Пелистер во салата „Јане Сандански“ во Скопје, извести МВР.

– Известен е јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување насилство на спортски натпревари. Во врска со овој настан, денеска во полициска станица дополнително ќе бидат повикани уште 6 идентификувани лица кои го прекршиле законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, соопшти МВР.

Исто така, ќе биде повикано и одговорно лице од агенцијата која со своите редари била задолжена за редот во салата, а немала доволен број на редари.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби