Во Прилеп за една недела 18 починати од Ковид-19

Од:

Со новиот ковид-оддел на гинеколошкото одделение, прилепската болница се вбројува во врвот на општите болници во државава со најмногу слободни места за хоспитализација на пациентите со Ковид-19. Хоспитализирани се 110 пациенти, за жал постојано пристигнуват нови, но располага со 30 слободни кревети и пациентите се примаат без особени ограничувања.

Како што објаснува инфектологот Мирјана Крстеска, раководител на инфективното одделение, во моментов имаат можност за хоспитализација и нега на пациентите.

– Во моментов се хоспитализирани се 110 пациенти, а на располагање се 140 болнички кревети. Заедно со новиот Ковид-центар кој е на гинеколошкото одделение, сосема одвоено од акушерскиот оддел. Со тоа малку се разлабави работата за да може да примаме пациенти. Во моментов имаме 30 слободни кревети. Може да примаме пациенти без некои ограничувања, изјави Крстеска.

Нема проблем со персонал во моментов, особено со медицински сестри и со болничари и негуватели. На помош пристинуваат матични лекари-волонтери, а досега се четворица.

-Со пероналот сега сме многу подобри. Доаѓаат и од други места. Лекари немаме многу, да признаеме, но имаме доволно медицински сестри и болничари. Имаме волонтери матични лекари. Еден веќе цел месец волонтира, и со други тројца, сега имаме вкупно четворица матични лекари кои волонтираат. Помлади се, но многу добро се снаоѓаат во работата, вели инфектологот Крстеска.

Има доволно и антибиотска терапија, а новите лекови ќе пристигнат откако ќе бидат достапни на Инфективната клиника во Скопје.

Според епидемиолозите, последната недела е иста со претходната. За една недела има 425 новозаразени, активни се 965 случаи. Од речиси 110 хоспитализирани, 53 се на кислородна поддршка. Од почетокот на епидемијата во земјава, повеќе од 2 600 се заразени и 114 починати. Само во последната недела починале 18 лица.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска