18-годишно момче со автомобил усмрти пензионер, па избега од местото на нсреќата

Од:

Полициски службеници го уапсија Ф.Л.(18) од Кичево. Тој околу 6.55 часот на пешачки премин на булеварот „Ослободување“ со возило „цитроен саксо“ кое го управувал, удрил во пешакот С.Ш.(82) од Кичево и го напуштил местото, но во 07.10 часот се вратил без возилото.

Притоа, пешакот С.Ш. се здобил со тешки тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што во 21 часот починал.

Уапсениот е задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Трагичен настан во Косово: Маж и бебе се пронајдени мртви во село кај Гњилане

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Мртов маж е пронајден во куќа во Скопје

Горан Наумовски

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски