Меѓу денешните починати од Ковид-19 е и 18-годишна девојка од Гевгелија, која, според неофицијалните информации, била бремена.
Овие информации не ги потврдуваат од Министерството за здравство, но велат дека пациентката имала хронични заболувања и доцна се пријавила на лекување.
„Станува збор за пациент кој имал повеќе хронични заболувања, пациентот доцна побарал лекарска помош и во многу тешка состојба е хоспитализиран. Не е вакциниран. Според епидемиолошката анкета целото семејство било позитивно на Ковид-19“, велат од Министерството.
Денеска беа регистрирани 256 нови случаи на Ковид-19, а починати се 27 лица.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 13.631.