18-годишна девојка загина во сообраќајна несреќа кај Куманово

Од:

Осумнаесетгодишна девојка загина, а две лице се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера во близина на наплатната станица „Романовце“ Кумановско, соопшти денеска МВР. Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил „ауди“ и товарно возило „застава“.

– Вчера во 21.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Скопје – Куманово, на околу еден километар пред наплатна станица „Романовце“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.В.(20) од Куманово, и товарно возило „застава“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(55) од кумановското село Старо Нагоричане. На местото на незгодата починала М.М.(18) од Куманово, сопатничка во возилото „ауди“, додека С.В. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, соопшти МВР.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Куманово, а по наредба на обвинителот, телото на починатата било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче