Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 977 тестови, а регистрирани се 179 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (179), регистрирани се 57 реинфекции. Регистрирани сe 175 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.155.071 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.127, бројот на оздравени пациенти е 330.328, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.300.