А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

176 нови случаи на Kовид-19, починати се 9 лица

by А1он28/06/2020 - 15:2828/06/2020 - 21:251147
Share0

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 870 тестирања, а регистрирани се 176 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-61, Куманово-8, Дебар-1, Штип-14, Прилеп-5, Тетово-22, Струга-19, Велес-5, Битола-3, Охрид-14, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Кичево-6, Ресен-5.

Следете a1on на Instagram Instagram

Починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.

Во ГОБ „8 септември“ починати се седум лица од Скопје, двајца пациенти на возраст од 62 години, останатите на возраст 56, 59, 74, 88 и 73 години.

Во КБ Тетово е починат еден пациент на возраст од 79 години. Во денешната статистика е евидентиран и пациент од Струга починат во „Филип Втори“ (Жан Митрев) на возраст од 84 години.

Следете a1on на Youtube YouTube

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 80 оздравени пациенти од: Скопје-5, Куманово-1, Штип-18, Тетово-30, Битола-2, Гостивар-8, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-8, Берово-1, Валандово-2, Кичево-1, Ресен-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6080, бројката на оздравени пациенти е 2315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3479.

Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2951, активни 1978
• Куманово 740, активни 283
• Дебар 91, активни 39
• Штип 319, активни 176
• Прилеп 250, активни 27
• Тетово 664, активни 367
• Струга 214, активни 131
• Велес 178, активни 35
• Битола 49, активни 16
• Охрид 163, активни 139
• Кавадарци 14, активни 8
• Гостивар 111, активни 62
• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 15, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 69, активни 24
• Пробиштип 15, активни 10
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 4, активни 2
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 2, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 25, активни 23
• Кичево 30, активни 25
• Ресен 98, активни 92
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 870 теста се преку: ИЈЗ –396, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –99, Биотек –74, МАНУ -153, Жан Митрев (Филип Втори) -29, Судска медицина-0, Систина со PCR метода -71, ЦЈЗ Битола-28, лабораторија Лаор- 20. Досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, информираат од Министерството за здравство.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле има 19 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 129 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 80 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, велат од МЗ.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео