174 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 10 мерки за непочитување на првенство на минување, седум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за користење мобилен телефон при возење…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, предупредуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен е возач од Србија, на автопат Куманово – Скопје возел со 188 километри на час

А1он

Со 244 километри на час „летал“ по автопатот Скопје-Гевгелија

A1on

Возач од Гостивар „летал“ со 178 километри на час

Таткото го снимил синот како вози со брзина од 163 км/ч на и го објавил видеото

Крај за дивеењето во сообраќајот: Возило ќе се одзема за брзини над 70 км/ч во населено место

Србинка е уапсена во Црна Гора – возеше 202 км на час

А1он