17 починати лица, 101 нов позитивен случај

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на Ковид-19.

Во Скопје се регистрирани 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино – по 2, Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица. Шест починати лица се од Скопје на возраст од 39 години, 71 година, 74 години, 77 години, 80 години и 81 година, двајца починати од Куманово на возраст од 75 и 80 години и по едно починато лице од Берово на 77 години, Битола на 69 години, Велес на 71 година, Македонска Каменица на 35 години и Ресен на 76 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се четири починати лица со датум на смрт од 29.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се – двајца од Скопје, по едно од Струмица и Битола. Починатите лица се на возраст од 58 до 78 години. Три лица се починати во домашни услови и едно лице починат во болнички услови.

Регистрирани сe 393 оздравени пациенти од: Скопје – 123, Битола и Охрид – по 37, Кавадарци – 20, Велес и Крива Паланка – по 19, Прилеп – 15, Кочани – 13, Тетово и Куманово – по 12, Штип и Струга – по 9, Кратово – 7, Ресен, Берово, Делчево и Демир Хисар – по 6, Неготино, Валандово и Радовиш – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Виница – по 3, Струмица , Пробиштип, Богданци, Македонска Каменица и Дојран – по 2, Кичево, Крушево и Демир Капија – по 1.

Направени се 1.299 тестови преку: ИЈЗ-51, ЦЈЗ Скопје-27, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–99, Жан Митрев (Филип Втори)-81, Авицена-60, Биотек-97, Систина-53, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-293, ВФВ Медикал-31, Ели Медика-39, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 455.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 95111, Активни 2768
Куманово 12941, Активни 201
Тетово 11344, Активни 103
Прилеп 10318, Активни 321
Битола 8823, Активни 521
Гостивар 8069, Активни 19
Велес 7342, Активни 176
Кавадарци 7050, Активни 228
Штип 6614, Активни 116
Охрид 6522, Активни 200
Струмица 6136, Активни 118
Кичево 4228, Активни 36
Кочани 4020, Активни 112
Струга 3909, Активни 37
Гевгелија 2811, Активни 83
Неготино 2574, Активни 45
Свети Николе 2126, Активни 48
Крива Паланка 1906, Активни 76
Ресен 1756, Активни 55
Радовиш 1741, Активни 53
Берово 1460, Активни 71
Дебар 1456, Активни 2
Делчево 1415, Активни 105
Виница 1161, Активни 21
Пробиштип 1126, Активни 26
Валандово 948, Активни 41
Кратово 776, Активни 34
Богданци 645, Активни 22
Демир Хисар 617, Активни 49
Крушево 593, Активни 32
Македонски Брод 499, Активни 11
Демир Капија 425, Активни 4
Македонска Каменица 418, Активни 27
Пехчево 352, Активни 9
Дојран 168, Активни 5

Досега во земјата се направени вкупно 1.485.944 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, бројот на оздравени пациенти е 203.967, на починати е 7.658, а бројот на активни случаи изнесува 5.775.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски