17 пациенти примени во Скопје, се затвораат неколку ковид центри

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 258 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 649 и има околу 900 празни болнички кревети информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало девет приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало двајца примени пациенти и шест билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 75 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 86 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 89 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Од утрово поради намалениот број пациенти се затворени ковид центрите на Клиниката за Кардиологија, Клиниката за ОРЛ, Клиниката за Очни Болести и Институтот за Физикална терапија. Од почетокот на неделава без ковид пациенти се и Клиниките за Урологија и Пластична Хирургија кои веќе почаа со редовен хируршки програм.

Во петок ќе се затвори и ковид центарот на Клиниката за Трауматологија при ТОАРИЛУЦ и од понеделник Клиниката за ортопедија и Клиниката за трауматологија започнуваат со редовен хируршки програм.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 392 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 49 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 9 пациенти, во Велес се лекуваат 48 болни, а во Куманово 62 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 34, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 35 пациент, во Кочани 15 во Кичево 3, Кавадарци 18, а во Гевгелија пет лица.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 649 и има околу 900 празни болнички кревети во ковид центрите.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски