17 казни за непропуштање пешаци на пешачки премин на територија на СВР Битола

Од:

За четири часа казнети се 17 возачи за непропуштање на пешаци на територија на СВР Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Полициски службеници на СВР Битола денеска (28 јануари) од 11 до 15 часот, презеле 17 мерки против возачи кои не пропуштиле пешак на пешачки премин.Во рамките на овие активности биле откриени и санкционирани и 18 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со соодветни поднесоци.

СВР Битола и во наредниот период ќе продолжи со вакви и слични активности и апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Полицијата трага по 22-годишен разбојник кој ограби фризерски салон во Битола

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски