17-годишно момче загина во сообраќајка во Радовиш

Од:

Околу 22.15 часот синоќа во Радовиш на ул. „Св.Спасо Радовишки“ се случила сообраќајна несреќа од која смртно настрадал Стојан М. (17) од Радовиш.

Автомобил  „фолксваген лупо“ со радовишки регистерски таблички,  управуван од  С. М. (19) од Радовиш, удрил во железен предмет кој во моментот бил подигнат од виљушкар кој вршел утовар-истовар на стока од паркирано товарно возило „мерцедес“ со струмички регистерски таблички. Автомобилот потоа удрил во паркирана лесна приколка и завршил во камен ограден ѕид.

Од добиените повреди сопатникот Стојан М. (17) од Радовиш  починал на пат кон Клиничкиот центар во Штип. Возачот С.М. и другиот сопатник,   А. Р. (19) од Радовиш, добиле тешки телесни повреди и се задржани на  лекување во Клиничкиот центар во Штип.

Увид на местото на несреќата извршиле истражен судија, јавен обвинител и екипа од полициската станица-Радовиш.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он