17-годишник со „бмв“ излета од пат кај село Ржаничино, покрај возачот повредени уште петмина тинејџери

Од:

На автопатот Скопје-Велес, во близина на надвозникот кај селото ‘Ржаничино, околу еден часот по полноќ на 29 неоември била пријавена тешка сообраќајна незгода.

Како што информираат од МВР, автомобил „бмв“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.Н., а управуван од неговиот 17-годишен син од скопското село Огњанци, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот, а повредени се и петмината сопатници 19-годишните З.Ж. и М.Д. и уште тројца малолетници, кои по несреќата биле пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски