17-годишник извршил полови дејствија врз деца

Од:

17-годишник во повеќе наврати извршил полови дејствија над две деца на возраст од девет и десет години во село во Скопје, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, вчера во 16:15 часот во полициска станица во Скопје, четириесетгодишна жена од скопско село пријавила дека 17-годишник во повеќе наврати вршел полово дејствие врз нејзиниот 10-годишен син. Во врска со истиот настан, во истата полициска станица, во 21:40 часот, четириесетиосумгодишна жена од Скопје пријавила дека истиот 17-годишник, во периодот од август до пред 10 дена, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз нејзиниот деветгодишен син.

Според пријавите, 17-годишникот бил нивен сосед и во наведениот период, секогаш кога ќе ги видел децата на улица, ги повикувал во подрумските простории на нивна соседка и таму ги вршел половите дејствија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он