Министерството за внатрешни работи извести дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 54 за непрописно паркирање, соопшти МВР.
Од Министерството велат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.