165 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни возила. Изречени се 19 мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за возач почетник, соопшти МВР.

Од Министерството велат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

127 санкционирани возачи во Скопје, 18 возачи на мотоцикл

Ана Ололовска

175 санкционирани возачи во Скопје, 65 за брзо возење

Ана Ололовска

Посебен режим на сообраќај в сабота во Скопје

Ана Ололовска

146 санкционирани возачи во Скопје, 18 возачи на мотоцикл

Ана Ололовска

179 санкционирани возачи во Скопје

Ана Ололовска

141 санкциониран возач во Скопје, 25 за брзо возење

Ана Ололовска