Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје – 70, Куманово – 2, Дебар – 6, Штип – 14, Прилеп – 2, Тетово – 25, Струга – 4, Велес – 2, Битола – 1, Охрид – 9, Кавадарци – 3, Гостивар – 11, Струмица – 1, Крива Паланка – 2, Кочани – 3, Свети Николе – 4, Ресен – 4.
Во ГОБ „8 Септември“ починаа три лица, пациент од Ресен на 42-годишна возраст, хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје на 71 година, хоспитализиран на 15 јуни, и 83-годишна пациентка, хоспитализирана на 23 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово – 1, Штип – 16, Прилеп – 1, Тетово – 9, Велес – 2, Битола – 1, Гостивар – 2, Кочани – 1, Ресен – 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.758, бројката на оздравени пациенти е 2.206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.284.
Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2800, активни 1862
• Куманово 725, активни 269
• Дебар 89, активни 37
• Штип 304, активни 182
• Прилеп 242, активни 21
• Тетово 628, активни 371
• Струга 193, активни 111
• Велес 173, активни 30
• Битола 45, активни 15
• Охрид 140, активни 116
• Кавадарци 14, активни 8
• Гостивар 102, активни 61
• Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 14, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 66, активни 29
• Пробиштип 14, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 24, активни 22
• Кичево 16, активни 12
• Ресен 89, активни 85
• Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1074 теста се преку: ИЈЗ –476, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –104, Биотек –69, МАНУ -116, Жан Митрев (Филип Втори) -148, Судска медицина-11, Систина со PCR-метода -114 и ЦЈЗ Битола-36. Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 5 деца позитивни и сомнителни на ковид и 15 возрасни позитивни пациенти, информираат од Министерството за здравство.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 144 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, велат од МЗ.
