162 санкционирани возачи во Драчево, 20 за неатестирани фолии

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територијата на Драчево изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, 20 за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 14 за возење без возачка дозвола, 10 за нерегистрирани возила. Изречени се и 11 санкции за користење мобилен телефон, 10 прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, 11 за некористење сигурносен појас, соопштува МВР.

Министерството известува дека ќе продолжи со засилени сообраќајни контроли и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја