16 урбани момци креваат револуција

Од:

„16 урбани момци креваат револуција“ е кампања на Кризен Центар „Надеж“, во која 16 момци, од различни професии, кои ѝ се познати на пошироката јавност преку нивната работа, посветеноста и стилот со кој тоа го прават, и кои се позитивен пример на однесување, испраќаат пораки против насилството врз жената.

16 момци, за 16 дена активизам! Сите имаа различна порака, но беа едногласни дека борбата против насилството врз жената треба да трае 365 дена!

Eве што меѓу другото изјавија:

Горан Миќиќ (Тату артист во MG tattoo студио) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Не знам што е со маживе што тепаат жени, за мене жената е створена за љубов“.

„Смислата на мажот и силата на мажот е да ја заштити својата љубена, не да се истура и докажува машкоста врз неа!“, вели Мартин Видоевски (Менаџер и фитнес инструктор во Спортски центар „Јане Сандански“)

„Во 7 милијарди на планетава, ако дојдеш во ситуација да тепаш жена, треба да си вистински идиот“, вели Огнен Узуновски- Оги (Сопственик на кафе бар „Излет“ и клубот „Сектор“).

крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „У 7 милијарди на планетава, ако дојдеш во ситуација да тепаш жена, треба да си вистински идиот“.

Огнен Бражански (Кајакар и тренер во „Фитнес револуција“), ја поддржа кампањата и изјави: „Искористете ја енергијата на поинаков начин“.

„Човек треба да се бори за своето семејство, а не со него. Одбивајќи да удриш некого, одбиваш да го мразиш“, изјавиИво Антов (Продуцент, автор и креативен директор на филмскиот фестивал за млади „Џифони“).

За Марко Новески (Водител), жените се за сакање, теписи се за мавање“.

Томислав Тодоровски (дел од менаџерскиот тим на Pull & Bear) изјави: „Не знам зошто срамот од насилството го носи жената, за мене срамот и понижувањето во овој случај му припаѓаат на мажот. И мислам дека таквите мажи треба да се лечат“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар