157 санкционирани возачи во Скопје, 21 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи известува дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, четири мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци, три мерки за нерегистрирани возила, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…, соопшти МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја

Во прекин сообраќајот за тешки товарни возила на патот Струга – ГП „Ќафасан“

Предраг Петровиќ