1507 лица се лекуваат во ковид центрите во земјава, во Скопје има 34 нови пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 587 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1507 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 16 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало девет примени пациенти и пет билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а два пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 37 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 236 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болен.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 920 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 125 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 71 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 83 болни, а во Куманово 97 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 95, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 113 пациенти, во Кочани 43 во Кичево 35, Кавадарци 52, а во Гевгелија 19 лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски