15 посто повисоки плати во образованието договориле СОНК и Министерството за образование

Од:

Зголемување на платите на вработените во образованието за 15 проценти, исплатата на покачените плати да почне од септември, штрајкувачите да добијат цели плати за перидот кога не работеа, а да бидат потпишани нови колективни договори, ова се предлозите кои ги дал медијаторот, а околу кои се согласиле СОНК и Министерството за образование.

„Ги приближивме конечно ставовите околу барањата кои СОНК ги достави до Министрството. Во препораката од олеснувачот ќе стои дека платите во образованието ќе се зголемат за 15 проценти. Ова ќе важи и за вработените во градинките, ова беше потврдено и на денешната средба со министерката за труд и социјална политика“ – рече по средбата лидерот на СОНК Јаким Неделков.

Овие предлози од помирувачот треба да бидат прифатени од членството и од Советот на СОНК кој ќе треба да го овласти Неделков да потпише спогодба кој се очекува да биде потпишана во следните десетина дена.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Учениците ќе губат часови поради изборите: На 23 април и 7 мај училиштата ќе работат до 11 часот

Орце Костов

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Митева: Нови набавки во МОН за дигитални учебници без објавени наставни програми

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост