Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 15 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 263 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 4 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 5 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациент со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 83 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 84 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти. Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 597. Во ковид центрите има околу 530 празни слободни кревети.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 лица. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 49 пациенти.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 18 во ковид центарот во Гостивар 19, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 3 во Кичево 8, Кавадарци 13, во Гевгелија 8 лица, а во Дебар 13.