А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

15-годишното девојче е прв смртен случај на малолетник во земјава, на лекување се 22 деца заразени со Ковид – 19

by Маја Илиевска-Пачемска01/09/2021 - 16:31925
Share0

Петнаесетгодишното девојче кое почина на Инфективната клиника е единствен смртен случај на малолетник од Ковид – 19 во земјава. Од Министерството за здравство посочуваат дека девојчето не било вакцинирано.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во статистиката на починати кај нас не влегува деветмесечното бебе кое беше заразено со Ковид – 19 и од Детската клиника беше префрлено на лекување во странство каде што почина.

„Во мај лани на клиника во Швајцарија почина деветмесечно бебе со Ковид, кое од Детска клиника во Скопје, на барање на родителите, беше префрлено на лекување во странство“, објаснуваат од Министерството за здравство.

Од почетокот на пандемијата до 29 август, кај нас се регистрирани вкупно 12.385 деца до 19 години заболени од Ковид – 19. Од нив, согласно анализите на Институтот за јавно здравје, 3360 деца се на возраст од 0 до 9 години, а 9025 случаи се на возраст од 10 до 19 години.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во моментов во Институтот за белодробни заболувања кај деца во Козле на лекување се 22 деца заразени со Ковид – 19.

„Состојбата на децата е стабилна. Десетмина пациенти на возраст над 15 години се повремено на кислородна поддршка, но ниту едно од хоспитализираните деца не е во исклучително тешка состојба“, велат од Министерството за здравство.

Меѓу децата кои се на лекување во Козле нема вакцинирани. Според податоците од Министерството за здравство, интересот за вакцинација на деца над 12 години е мал.

„Заклучно со вчера, со прва доза вакцина, се вакцинирани 3825 деца до 18 години, а 1435 со две дози вакцина“, велат од Министерството за здравство.

Родителите и старателите на деца над 12 години, од средината на јули добија можност да ги пријават децата за вакцина за заштита од Ковид – 19, откако Европската агенција за лекови (ЕМА) ги одобри вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ за вакцинирање деца од 12 и повеќе години.

infektivna klinikakoronavirus mkd

Би можело да ве интересира

На Инфективната клиника уште еден сомнителен случај на Западнонилска треска

Горан Наумовски04/08/2026 - 14:15

Тројца хоспитализирани поради сомнение на Западнонилска треска, се чекаат резултати

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 14:18

Потврден е 13 случај на заболен од Западнонилска треска во Македонија

Горан Наумовски31/07/2026 - 12:31

Двајца од седумте хоспитализирани со западнонилска треска се во критична состојба, за уште тројца други се чекаат резултати

Горан Наумовски30/07/2026 - 15:0330/07/2026 - 15:09

Седумина со западнонилска треска на Инфективната клиника, еден и натаму е во сериозна здравствена состојба

Катерина Ѓуровски29/07/2026 - 10:2929/07/2026 - 13:19

На Инфективна почина 69-годишен пациент поради компликации од грип

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 11:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео