15 дена рок да се урне спорниот објект во Трпејца

Од:

Спорниот објект во селото Трпејца за кој во јавноста изминатиов месец се крена голема прашина сепак ќе треба да се урива. Од општина Охрид изјавија дека минатата недела на сопственикот му било одбиено барањето за легализација на спорниот дел од објектот, по што му бил даден рок од 15 дена сам да го сруши диво изградениот објект.

Доколку не, општината ќе пристапела кон рушење на истиот. Инаку Трпејчани гневни на целата ситуација пред десеттина дена одржаа и мирен протест , а преку постојан медиумски притисок се надеваат дека ќе издејствуваат надлежните органи да го срушат делот од објектот кој што им смета.

Тие велат дека деновиве забележале како сопственикот ги отстранил прозорците од горниот спрат на објектот.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум