145 санкционирани возачи во Скопје, 40 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 40 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за користење мобилен телефон при возење.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

Казнети 136 возачи во Скопје: Возеле брзо, немале возачка, зборувале на телефон

А1он

500 евра глоба за родителите ако децата пукаат со петарди – казна затвор за препродавање

Анита Петровска Рајковиќ

Со високи казни ќе воведува ред: До 4.000 евра за лажни вести и лошо воспитано дете во Хрватска

Предраг Петровиќ

Над 15.000 евра казни за шест компании кои не ја замрзнале цената на лебот

Орце Костов

По објавата на „А1он“: Превозниците кои плаќаа казни за лиценца која не постои повикани на средби во економија и транспорт и врски

Орце Костов