14 невработени лица ќе бидат ангажирани за општо-корисна работа во Бутел

Од:

Општина Бутел почна со активностите за реализација на проектот од Програмата за општинско корисна работа, кој финансиски е поддржан од УНДП, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Центарот за вработување.

– Оваа програма прв пат се реализира во општина Бутел, а во неа се ангажираат 14 невработени лица во социјалната и образовна сфера, од кои 3 образовни асистенти и 11 лични асистенти, кои ќе се грижат за 14 деца од училишна возраст со посебни потреби, за да им пружат помош во образовниот процес истакна градоначалникот Велимир Смилевски.

Лицата ќе бидат ангажирани до крајот на учебната година, а за својот ангажман ќе добиваат соодветен надомест.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат кражбите на бронзени бисти од гробиштата Бутел

(ВИДЕО) Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

Ливриниќ на средби со жителите на населбата Ферид Бајрам – најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Горан Наумовски

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски