Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територијата на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 16 прекршоци што ги чинат пешаците. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за непрописно престројување на возила, седум мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 за непрописно паркирање, извести Министерството за внатрешни работи и додава дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додава МВР.