1376 пациенти се лекуваат во Скопје и во останатите ковид центри низ земјава

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 890 пациенти позитивни на корона вирусот – информираат од Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 69 болни, а во Куманово 117 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 115 пациенти, во Прилеп 119, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 37 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 80 пациент, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 51, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар 7 позитивни лица.

Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1376 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска