135 нови случаи на Ковид-19, едно починато лице

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.661 тестови, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19.

Во Скопје се регистрирани 65 нови случаи, во Битола – 19, во Ресен – 8, во Тетово – 6, Готивар, Охрид и Струмица – по 4, во Кавадарци, Гевгелија, Делчево, Берово и Валандово – по 3, во Куманово и Струга – по 2, Велес, Кичево, Кочани, Неготино, Виница и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни 135, регистрирани се 13 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително регистрирано е едно починато лице од Охрид на 78-годишна возраст, починато во болнички услови, на втори мај годинава.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 43, Битола – 19, Прилеп – 4, Тетово, Кавадарци и Кичево – по 3, Берово и Куманово – по 2, Гостивар, Охрид, Гевгелија, Кочани, Неготино и Кратово – по 1.

Направени се 1.661 тестови преку: ИЈЗ-217, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово-20, ЦЈЗ Куманово-35, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–81, Жан Митрев (Филип Втори)-42, Авицена-40, Биотек-62, Систина-45, лабораторија Лаор-59, Синлаб-4, Ремедика-19, Плодност-14, Генеа-15, Никоб Лаб-137, ВФВ Медикал-29, Ели Медика Плус-16, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 647.

Досега во земјата се направени вкупно 2.025.083 тестирања на Ковид-19.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145691, Активни 302
Куманово 16634, Активни 6
Битола 15391, Активни 130
Прилеп 14150, Активни 20
Тетово 13455, Активни 11
Кавадарци 10644, Активни 17
Велес 9762, Активни 6
Гостивар 9583, Активни 9
Охрид 8849, Активни 19
Струмица 8060, Активни 12
Штип 8029, Активни 17
Кичево 5623, Активни 10
Кочани 5075, Активни 2
Струга 4718, Активни 4
Гевгелија 4404, Активни 5
Неготино 3679, Активни 2
Ресен 2726, Активни 13
Свети Николе 2626, Активни 2
Радовиш 2528, Активни 0
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1979, Активни 9
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1662, Активни 13
Валандово 1488, Активни 3
Виница 1392, Активни 4
Пробиштип 1266, Активни 1
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 966, Активни 2
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 830, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 346, Активни 0

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.925, бројот на оздравени пациенти е 300.021, на починати е 9.283, а бројот на активни случаи изнесува 621.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски