130 нови случаи на Ковид-19, починати сe две лица

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-40, Куманово-6, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-4, Битола-3, Охрид-6, Кавадарци-2, Гостивар-18, Струмица-1, Пробиштип-2, Берово-1, Виница-5, Делчево-4 и Кичево-7.

Починати се двајца, еден 70-годишен пациент од Скопје и еден пациент од Штип на 75-годишна возраст. Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти од: Скопје-87, Куманово-18, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-4, Гостивар-9, Македонски Брод-1, Кичево-5 и Ресен-6.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12970, бројката на оздравени пациенти е 9513, на починати е 549, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2908.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5458, активни 905
• Куманово 1295, активни 286
• Дебар 226, активни 67
• Штип 1061, активни 258
• Прилеп 370, активни 43
• Тетово 1154, активни 158
• Струга 525, активни 171
• Велес 243, активни 27
• Битола 187, активни 73
• Охрид 315, активни 72
• Кавадарци 160, активни 105
• Гостивар 678, активни 298
• Гевгелија 31, активни 13 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 7 на Богданци)
• Струмица 53, активни 24
• Крива Паланка 30, активни 5
• Радовиш 38, активни 10
• Крушево 16, активни 1
• Кочани 128, активни 29
• Пробиштип 71, активни 19
• Демир Хисар 60, активни 37
• Македонски Брод 65, активни 44
• Пехчево 8, активни 2
• Берово 16, активни 7
• Валандово 7, активни 1
• Виница 56, активни 41
• Делчево 14, активни 9 (4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 1
• Свети Николе 261, активни 61
• Кичево 247, активни 128
• Ресен 146, активни 1
• Неготино 36, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1742 теста се преку: ИЈЗ-550, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-139, Биотек-281, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори)-311, Систина со PCR метода -242, Судска медицина -9, ЦЈЗ Битола-32, Инфективна клиника-20, ГАК-20, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 128.938 тестирања на Kовид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација, информира Министерството за здравство.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, соопштува МЗ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски